На 15.09.2026 во 01:35 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Ј.(30) од Република Албанија.
Претходно, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во заштитната бетонска ограда помеѓу двете коловозни ленти, а при извршено алкотестирање, полициските службеници, кај него утврдиле 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај и одземени му се возачките документи.
По насоки на јавен обвинител, одземено е возилото и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.


















