АктуелноОхрид

(ФОТО) Мапирани 9 мини-депонии во поширокото градско подрачје и приградски населби

И покрај редовните акции за подигнување кабаст и зелен отпад и апелите и известувањата со кои редовно и транспарентно ги информираме граѓаните за начинот како да постапат кога имаат потреба за депонирање кабаст и зелен отпад, нашите служби со полни раце работа на многу локации во градот и приградските населби
📍 Овој пат расчистени 9 локации, кои од негрижа кон животната средина, некои поединци своеволно ги деградирале и создале диви депонии, од кои две во с. Велгошти
📍 Повторно апелираме доколку имаат потреба од депонирање кабаст и зелен отпад, граѓаните да се јават на дежурните телефони 075-397-944 и 075-495-428