На 07.09.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, лице на (29) од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека, при преземање мерки и вршење увид било констатирано дека лицето го управувал електричниот тротинет под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава.


















