АктуелноРегион

Голем пожар беснее над Химара – македонски туристи испраќаат фотографии

Голем пожар вечерва избувна во околината на Химара, на јужниот албански брег, а пламените јазици се видливи од градот и туристичките населби.

 

До редакцијата на „Охрид 1“ македонски туристи кои во моментов летуваат на албанското крајбрежје испраќаат фотографии од пожарот кој беснее по ридовите над Химара.

 

Според првичните информации, македонските туристи кои се на летување во Химара се целосно безбедни, бидејќи пожарот е локализиран во ридскиот и шумскиот предел околу градот. Сепак, поради близината на пожарот до населените места, ситуацијата се следи внимателно.

 

Албанските противпожарни екипи се на терен и работат на ставање на огнот под контрола. 📸

 

Фотографиите до редакцијата на „Охрид 1“ ги испратија македонски туристи кои вечерва се наоѓаат во Химара.

 

Следиме што се случува на терен и за сите нови информации ќе информираме во текот на вечерта.