АктуелноОхрид

Преглед од активностите на екипите задолжени за одржување на јавното зеленило и чистота

Екипите на ,,Паркови и зеленило” реализираа активности за чистење на неуредна вегетација и косење во с.Завој и планинскиот пат до црква Св. Богородица во с. Велгошти
✅ Во поширокото градско подрачје тековно се одржуваше јавното зеленило на ул.,,Железничка”, ул.,,7-ми Ноември” кај ОУ,,Братство Единство”, градски парк, ,,Булевар Туристичка” и кружна сообраќајница кај гимназијата
🌊 По вчерашниот силен ветер, езерските бранови натрупаа разновиден отпад, како и наноси од трска и муљ, по крајбрежјето и кејот; Екипите задолжени за одржување на јавната чистота, од раните утрински часови беа ангажирани во расчистување и транспорт на отпадот