АктуелноОхрид

Пречекан првиот македонски маратонец на градското пристаниште Томи Стефаноски кој преплива од Градиште до Пристаништето

Денеска на градското пристаниште го пречекавме македонскиот маратонец Томи Стефановски кому му врачив плакета за подвигот со кој ја исплива релацијата Градиште – Пристаниште под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“ како поддршка на децата со атипичен развој.

 

Томи не пливаше само кон целта, пливаше за една поинклузивна заедница. Хуманиот спортски предизвик е токму на 14 август кога се навршуваат 17 години од историското препливување на Стефаноски на каналот ,,Ла Манш” во 2009 година за 7 часа и 42 минути. Целта е да се подигне свеста и да се придонесе за подобри услови за лицата со атипичен развој и лицата со инвалидитет во спортот и физичкото образование.

 

Третпат со ваков подвиг се испраќа порака дека различноста треба да се гледа како вредност, а не како пречка и инклузијата да се преточи од зборови во конкретна поддршка и заедништво.