АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Враништа пееше до зори: Јордан Митев со целовечерен настап ја крена публиката на нозе за „Св. Петка“

До раните утрински часови траеше големата празнична прослава по повод „Св. Петка“ во Враништа, каде познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев приреди вистински музички спектакл пред бројната публика.

Настапот започна во 21:30 часот, а заврши во 03:15 часот, при што спортскиот полигон во Враништа беше исполнет со македонска песна, игра и празнично расположение.

Публиката во текот на целата вечер пееше заедно со Митев, а неговиот настап беше проследен со одлична атмосфера и голем број посетители кои останаа до самиот крај.

На крајот, присутните со громогласен аплауз и искрени овации го испратија пејачот, како своевидна награда за повеќечасовниот настап.

Митев по завршувањето на концертот им се заблагодари на присутните, истакнувајќи дека ваквата реакција на публиката е резултат на долгогодишниот труд, посветеност и љубов кон музиката.

„Ова не се наместени реакции, ова не се договорени сцени, ова не е донесена публика за сликање и викање. Ова е публика стекната како резултат само на труд и работа, добра песна и музика“, порача Митев.

Со неговиот настап заврши една од најпосетените и највеселите празнични вечери во Враништа, во чест на Света Петка, која годинава повторно ги обедини мештаните, гостите од Струга и околните места, но и сите љубители на македонската песна.

Празничната вечер заврши со благодарност од Митев до публиката:

„Ви благодарам! Да сте ми здрави и живи!“

Враништа до раните утрински часови живееше со македонската песна, а прославата на „Св. Петка“ уште еднаш покажа дека традицијата, музиката и заедништвото се најубавиот начин за одбележување на големите празници.