АктуелноОхрид

Велгоштанец нападнал лице од Вевчани на спортски натпревар во Велгошти

На 02.08.2026 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно лице физички а потоа и со метален предмет, го нападнал  лице на (55) од Вевчани по што му го оштетил и неговото патничко моторно возило.

 

Притоа, со повреди се здобиле и  две лица и двајцата од Вевчани.

По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.