АктуелноОхрид

Свежо цвеќе во чест на Илинденците

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2. Август – Денот на Републиката.

‎Делегација на Општина Охрид, предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.

‎Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот.