По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии.
Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ.















