На 24.07.2026 во 00:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул„Прва македонска ударна бригада“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата 17-годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

















