Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец, Преспа ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава, која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026 година
Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина), која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026 година.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите верници од Мала Преспа, Македонија, Албанија и светот за заеднички молитвен и празничен собир во чест на светицата-заштитничка на манастирот.
Свеченостите ќе започнат на 29 јули 2026 година, среда, со вечерна богослужба во 18:30 часот, по што ќе следува богата културно-уметничка програма со народни песни и ора. Во 21:00 часот ќе биде организирана заедничка празнична вечера во чест на манастирската слава, подготвена од овогодишните кумови Спиро и Благица Михал, Деан Михал со семејството и Марио Вурмо со семејството.
На 30 јули 2026 година, четврток, програмата продолжува со утрена и Света литургија со почеток во 7:30 часот, по што ќе се изврши осветување на вода. Прославата ќе продолжи со народни песни и ора, а во 12:00 часот традиционално ќе се “пее лебот на кумот“ и ќе биде избран новиот кум за следната манастирска слава.
Од Црковниот одбор упатуваат повик до сите заинтересирани да се пријават за кумови на следната слава, нагласувајќи дека тоа може да го направи секој верник, без разлика каде живее или од каде потекнува.
Ќе ни претставува особена чест со вашето присуство заедно да ја прославиме манастирската слава на Света Марена и да ја продолжиме оваа вековна духовна традиција, – порачуваат од Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во Туминец.
Добредојдени се сите добронамерници.
vesnik-ilinden.com

















