20:37 Според информации од терен пожарот е ставен под контрола и огнот скоро целосно е изгаснат, со што е елиминирана опасноста по околните објекти.
Пожар избувна пред малку во непосредна близина на населбата „Гоце Делчев“, меѓу охриѓани попозната како Бараки. Според првичните неофицијални информации, огнената стихија зафати сува вегетација, а на терен веќе интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица кои се обидуваат да го локализираат пожарот.
View this post on Instagram
Густ чад се издига од местото на пожарот и е видлив од повеќе делови на Охрид, при што прекри и неколку населби во градот. Засега нема информации дали огнот се заканува на станбени објекти или дали има повредени лица.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати. Се очекуваат повеќе официјални информации од надлежните служби по завршувањето на интервенцијата
















