АктуелноОхрид

“Вози тротинет безбедно” превентивна кампања СВР Охрид

СВР Охрид заедно со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Охрид почна со превентивната кампања ,,Вози тротинет безбедно“. Полициски службеници од Отсекот за превенција и претставници од Советот на повеќе сообраќајници во градот, во комуникација со лицата кои управуваат електрични тротинети, ги запознаваа со правилата и прописите за безбедно управување тротинети, за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во однос на управување на овој вид на превозно средство, при што им беа поделени и едукативни летоци. Целта на кампањата е подигање на свеста за безбедно учество во сообраќајот, информирање на возачите на тротинети за сообраќајните правила и законски обврски  и пред се намалување на бројот на сообраќајни незгоди и повреди.