Во четврток, 16 јули, Општина Охрид, организира свеченото одбележување на јубилејот: 80 години од раѓањето на Иван Карадак (1946–2017)
Карадак, е познат
македонски писател, драматург, афорист и сатиричар, еден од најзначајните творци на современата македонска сатира и хумор.
Свеченоста е закажана за 12:00 часот, во Галеријата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Преку пригодна културно-уметничка програма, меморијална поставка, осврт кон неговото книжевно творештво и драмски перформанс инспириран од неговото дело, организаторот ќе му оддаде почит на авторот чие творештво остави трајна вредност во македонската литература, театар, радио и сатира.
-Вашето присуство ќе претставува особена чест и ќе придонесе кон достоинственото чествување на ликот и делото на Иван Карадак и зачувувањето на неговото културно наследство за идните генерации, напоменуваат од Секторот за култура при Општина Охрид.













