АктуелноОхрид

Нападнато 26-годишно лице од Охрид од три лица со дрвени палки на регионалниот пат Охрид-Струга

На 04.10.2026 во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во 02:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга, лице на (26) од Охрид бил физички нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки.

 

Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани телесни повреди.

 

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.