АктуелноОхрид

Охрид повторно се обединува за Петар – во среда голем хуманитарен концерт во Центарот за култура

Охрид уште еднаш ќе ја покаже својата хуманост и солидарност преку голем хуманитарен концерт посветен на Петар, за кого изминатиот период се мобилизираа граѓани од Охрид, Македонија, но и од странство, со единствена цел – да му помогнат во неговата животна битка.

Хуманитарниот концерт ќе се одржи во среда, 8 јули, со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На сцената ќе настапат познати македонски музички имиња – Стојне Николова, Спасен Силјаноски, групата „Камелеон“, Здраве Мјузик, Благоја Грујовски и Тони Очески, кои преку музиката ќе дадат свој придонес во оваа благородна акција.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат на концертот и со купување билет, по цена од 400 денари, да станат дел од хуманата мисија и да му дадат нова надеж на Петар.

За сите кои не се во можност да присуствуваат, а сакаат да помогнат, донации може да се уплатат преку телефонските броеви за донации 143-161 (T-Mobile) и 143-479 (A1), како и со уплата на трансакциската сметка 270-7000821760.21, на име Гордана Попоска во Халкбанк. Донации се овозможени и преку интернет, како и преку платформата GoFundMe за сите хумани луѓе кои живеат надвор од земјата.

Организаторите упатуваат апел до сите граѓани да се приклучат на оваа хуманитарна акција, бидејќи секој придонес, без разлика на неговата големина, претставува чекор поблиску до надежта и подобрата иднина за Петар.