Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев денеска во Орхид оствари работна посета на Општинската организација во Охрид, и одржа состанок со Извршниот одбор во проширен состав, на кој стана збор за актуелните организациски прашања, динамиката на реализација на програмските активности, како и приоритетите за натамошно јакнење на внатрешната кохезија и функционалност на движењето.
Посетата е дел од поширокиот караван „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, а од Движењето информираат дека на средбата посебен акцент бил ставен на доследната имплементација на одлуките на Централниот одбор, со фокус на изборните постапки за делегати и процесот на номинирање кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, како дел од стратегијата за поширока вклученост и кадровско освежување.
ohridpress.com















