АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Мицкоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика.
Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините.
Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.
Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.
Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.
Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден.
Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата.