АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа на излезот од Охрид, кај Помољје – сообраќајот е отежнат

Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку на излезот од Охрид, во близина на местото Помолие.

Според првите неофицијални информации, во несреќата е оштетен најмалку еден патнички автомобил, а сериозно е оштетено и уличното осветлување, при што искршени се неколку канделабри.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени или настрадани лица.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, а на местото на настанот се очекува интервенција на надлежните служби и увид за утврдување на причините за несреќата.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот, по завршувањето на увидот од страна на надлежните институции.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)