На 30.06.2026 во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 29.06.2026 околу 09:30 часот на паркинг простор во с. Мислешево, струшко, велосипед управуван од 39-годишната жена од Струга, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од лице на (71) од с.Мислешево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила жената , констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа.















