Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ од Ресен на 20.06.2026 година зеде учество на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“ во Охрид, каде учество зедоа над 300 натпреварувачи од 8 европски држави.

Со овој натпревар Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ го заокружува првиот дел од натпреварувачката сезона со освоени вкупно 13 медали, од кои 3 златни, 1 сребрен и 9 бронзени медали. Освојувачи на медали: • Христина Лембовска – 3 место, форми (тул), јуниорки 14-15 години, 8-7 гуп • Виктор Рунчевски – 2 место, форми (тул), јуниори 14-15 години, 8-7 гуп • Иван Шундовски – 3 место, форми (тул), јуниори 14-15 години, 8-7 гуп • Медина Мусиќ – 3 место, форми (тул), јуниорки 14-15 години, 8-7 гуп • Марија Тунтевска – 3 место, форми (тул), девојчиња 12-13 години, 8-7 гуп • Михаил Гошевски – 1 место, форми (тул), јуниори 14-15 години, 8-7 гуп • Владимир Димитриевик – 1 место, борби, сениори 18-34 години до 85 кг • Виктор Рунчевски – 3 место, борби, јуниори 14-15 години до 55 кг • Марија Тунтевска – 3 место, борби, девојчиња 12-13 години над 55 кг • Петар Гаштаковски – 3 место, борби, момчиња 12-13 години до 45 кг • Христина Лембовска – 3 место, борби, јуниорки 14-15 години над 65 кг • Владимир Димитриевик – 1 место, борби, сениори 18-34 години до 78 кг • Божидар Димитриевик – 1 место, борби, сениори 18-34 години до 92 кг Сите натпреварувачи прикажаа одлични настапи, борбеност и видлив напредок во техниката.

Посебно треба да се истакне настапот на Алексеј Србиновски, кој на својот прв натпревар, иако не успеа да освои медал, покажа исклучителна храброст, борбен дух и голем потенцијал, настапувајќи по само еден месец тренинзи. Честитки до сите натпреварувачи за постигнатите резултати и достојното претставување на клубот, како и до тренерите за нивната посветена работа и придонес во развојот на младите спортисти.















