АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Поставен електронски систем од шест медолдии и ставени во функција сите камбани во храмот Св. Јован Крстител во с. Мислешево

Ставени во функција сите камбани на храмот Св. Јован Крстител во село Мислешево, струшко.  Како што информираат од оваа парохија денес бил поставен и електронскиот систем од шест мелодии , први од ваков вид .
-Денес на камбанаријата од нашиот Соборен храм беше поставен електронски систем од шесте мелодии со кој се ставија во функција сите камбани. Со тоа, нашата парохија стана првата во општината со ваков систем. Изразуваме благодарност до сите жители на село Мислешево и на сите други за нивната поддршка.
Нека ѕвонењето на камбаните биде за слава Божја и нека Господ Исус Христос ја заштитува нашата парохија, град и нашата татковина, истакнуваат од мислешевската парохија.