ЈЗУ Општа Болница Охрид доби донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на грижата за нашите пациенти.
Во рамките на донацијата обезбедени се:
🔹 3 кислородни концентратори
🔹 2 дубаци без тркалца
🔹 13 дубаци со тркалца
🔹 5 инвалидски колички – обезбедени преку “Letz Catz“ и Здружението за ретки болести,
и
🔹 10 инвалидски колички – донација од „Кипер Маркети“
Овие медицински помагала ќе бидат ставени во функција на пациентите на кои им е потребна поддршка при движење, рехабилитација со што директно се подобруваат условите за нивно лекување и закрепнување.
ЈЗУ Општа Болница Охрид упатува искрена благодарност до донаторите за покажаната општествена одговорност, хуманост и поддршка на здравствениот систем.
Благодарност до сите кои придонесуваат за подобро и похумано здравство.
ЈЗУ Општа Болница Охрид 🏥❤️















