АктуелноОхрид

Започна фрескоживописот на крстилницата во храмот „Свети Никола“ во Долна Влашка Маала

Со благослов на надлежниот архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, започна реализацијата на фрескоживописот на крстилницата во парохискиот храм „Свети Никола“ во Долна Влашка Маала.

Од црковниот одбор информираат дека станува збор за значаен духовен и културен проект кој ќе придонесе за разубавување на храмот и збогатување на неговото литургиско и духовно значење.

Воедно, упатен е повик до сите благочестиви христијани и добронамерници кои сакаат да дадат свој придонес во ова богоугодно дело, да се вклучат со доброволни донации и поддршка за успешна реализација на фрескоживописот.

За повеќе информации и начини за помош, заинтересираните можат да се обратат кај лицето за контакт, д-р Асен Савев.

Верниците изразуваат надеж дека со заеднички сили и љубов кон Црквата, овој значаен проект ќе биде успешно завршен и ќе остане трајно сведоштво за верата и посветеноста на православниот народ.

https://www.facebook.com/share/p/18mWd4ZUNh/