АктуелноОхрид

Годинава Струга домаќин на централната прослава по повод Денот на езерото

Годинава Струга е домаќин на централната прослава, а Општина Струга, Europe House Struga и Хотел Дрим, во соработка со Општина Охрид и Општина Поградец, обединуваат институции, организации, млади и граѓани од трите градови кои го делат и заеднички го чуваат езерото.
🎭 Програмата започнува во 09:00 часот и опфаќа повеќе активности на различни локации, додека централната свеченост ќе се одржи на Машка плажа во Струга. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата уметничка програма, изложбени содржини, ракотворби и активности кои ја промовираат природната убавина, културата и значењето на Охридското Езеро.