АктуелноОхрид

Годишен концерт на КУД „Дримкол -Вевчани“ со песни и ора низ северното играорно подрачје на Македонија

Утре во домот на културата во Вевчани КУД ,,ДРИМКОЛ” од Вевчани ќе го реализира својот годишен концерт кој традиционално се одржува секоја година.  Темата на концертот годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и концертот носи наслов:  ,,Од Скопска Црна Гора до Блатија”. На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол. На концертот како гости ќе учествуваат и учениците од државното музичко училиште во Битола од насоката за традиционална музика и игра.КУД ,,Дримкол” е едно од ретките друштва во нашата држава кое организира редовно годишни концерти и тоа секогаш тематски и со различна содржина.Последниве години концертите се насочени кон обработка и презентација на различни игроорно подрачја во Македонија, што покажува храброст и спремност на Дримкол да се носи со тежината и спецификата кои произлегуваат од различностите на етничките предели. Овој концерт е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија со годишната програма за проекти од национален интерес.