Наш ИзборНаш изборОхрид

Кривична пријава за жена од Скопје која бесправно градела во с. Трпејца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Таа, на катастарска парцела во охридското село Трпејца,  без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, извршила изградба на индивидуална семејна куќа.

Тоа било констатирано по спроведен вонреден инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор кој, врз основа на затекнатата состојба, донел решение за отстранување на градбата.