АктуелноОхрид

Охрид ќе биде домаќин на 6-от Меѓународен А-класа турнир „Охрид Опен 2026“

На 20-ти јуни во Охрид, во СРЦ „Билјанини Извори“, во организација на Таеквон-до клуб „Хва-Ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид, а во склоп на Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација, ќе се одржи 6-тиот Меѓународен А-класа турнир „Ohrid Open 2026“ во Традиционално Таеквон-до.

На турнирот се очекува учество на натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Хрватска, Италија, Англија, Романија и други држави ширум Европа, што уште еднаш го потврдува меѓународниот карактер и значењето на овој спортски настан.

Со оваа најава ја повикуваме охридската јавност, љубителите на спортот и сите поддржувачи на Традиционалното Таеквон-до и боречките вештини, да присуствуваат и да ги бодрат нашите претставници на овој престижен турнир, кој воедно е и последен турнир од првиот дел на натпреварувачката сезона за 2026 година во календарот на Европската Интернационална Таеквон-до Федерација.

Да ја покажеме заеднички спортската култура, поддршката и гостопримството на Македонија пред европските и светските учесници.