АктуелноОхрид

Театарската претстава „Марта“ оваа сабота во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

На 30 мај 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, во Центар за култура „Браќа Миладиновци – Струга, ќе се одржи театарската претстава „МАРТА“.
„Марта” според делото „Марта пред огледалото“ претставува интимен театарски запис односно покана за влез во дневникот на една млада тинејџерка која се соочува со анорексија. Преку нејзината перспектива, публиката сведочи на тивката, но длабока внатрешна борба што често останува невидлива за околината.
Делото е збогатено со монолози и искуства на самите актери, што дополнително ја продлабочува емоционалната димензија на приказната и ја прави поавтентична и блиска до публиката.
Претставата не е само приказна, таа е протест и повик за будење. Таа алармира за важноста од навремена реакција, разбирање и поддршка, како за оние кои се соочуваат со оваа состојба, така и за нивните блиски.
Автор на текстот е Тереса Кало Фонтан, а режијата и драмтизација, Маја Ѓурчевска.
Во претставата играат: Нина Неделковска, Зорица Станковска, Петар Мароски, Магдалена Пејова, Ана Шапкарова и Марија Димитрова
Светло: Никола Димевски
Тон: Маја Ѓурчевска
Авторска музика и текст, оригинално компонирани за претставата: Петар Мароски
Музички соработник: Стефан Јовановски
Авторска музика користена во претставата: АТА
Фотографија: Михаил Митевски
Влезница: 250 денари
Возраст: 12+