Потребни сме му на нашиот Петар, за кого охридската, македонската, но и јавноста од многу пошироко се мобилизираше за да му помогне.
Неговата мајка, Гордана Попоска, преку допис до редакцијата на OhridPress апелира до сите хумани луѓе од Охрид, Македонија и странство да му помогнат на Петар.
– Петар е во Охрид, се вративме од Германија и очекуваме да се соберат средствата за операцијата во јуни. Но ни недостасуваат уште многу пари. Потребни се уште 25 илјади евра. Бидејќи е времето е многу кратко, ако нема поголеми донации, ќе бидеме приморани да ја одложиме операцијата на мојот син, информира мајката на Петар.
Сите кои се во можност, можат да донираат преку јавување на телефоните 143-161 (T Mobile) 9 143-479 (А1), како и преку уплата на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK. Може да се донира и преку линкот за донација на интернет, а сите од странство можат да донираат и преку GoFundMe.















