Заврши регуларниот дел од сезоната во Општинската фудбалска лига во Охрид, а првото место на табелата го освои екипата на ГФК Пирамида, која со најмногу освоени бодови ја потврди одличната форма во текот на целото првенство.

Конечниот пласман во врвот изгледа вака:
1. ГФК Пирамида
2. ФК Чардак
3. ФК Академија Охрид
4. ФК Воска
5. ФК Спорт Брадрс
6. ФК Велмеј
7. ФК Симба
Со тоа, ГФК Пирамида е победник на регуларниот дел од сезоната и со големи амбиции влегува во завршницата од натпреварувањето.
Во рамки на борбата за пласман во Третата лига, односно за место во Фајнал фор завршницата, екипата на ФК Чардак забележа значајна победа над ФК Воска со резултат 1:0.
Натпреварот донесе голема борбеност и неизвесност на теренот, а Чардак успеа да ја искористи една од своите шанси и да стигне до минимален, но многу важен триумф.

Со оваа победа, тимот направи крупен чекор кон остварување на целта – пласман во повисок ранг на натпреварување.
Фудбалската сезона во Општинската лига во Охрид продолжува со возбудувања, а љубителите на фудбалот со нетрпение ги очекуваат следните дуели од завршницата.















