Македонија го очекува отворањето на ланецот супер маркети од гигантот Лидл. Два маркети Лидл ќе отвори и во Охрид, а во меѓувреме македонскиот бизнис веќе ги почувствувал првите резултааати од присуството на светскиот играч во нашата државаа со тоа што Лидл откупил извезол во своите супер маркети надвор од Македонија производи во вредност од над 21 милион евра македонски производи кои биле пласирани на европските пазари преку „Лидл“ во периодот од 2023 до 2025 година.
Германскиот трговски гигант „Лидл“ бележи огромен раст на извозот на македонски производи преку својата европска мрежа, а бројките покажуваат дека домашното земјоделство и прехранбената индустрија се повеќе се пробиваат на странските пазари.
Според официјалните податоци на компанијата, во текот на 2025 година преку мрежата на „Лидл“ биле извезени македонски производи во вредност од 15,5 милиони евра, што е повеќекратно зголемување во споредба со претходните години.
Во 2023 година извозот преку „Лидл“ изнесувал околу 570 илјади евра, во 2024 година достигнал 5 милиони евра, а веќе во 2025 година скокнал на 15,5 милиони евра.
Најголем дел од извозот се однесува на земјоделски и прехранбени производи, меѓу кои:
- трпезно грозје,
- зелка,
- пиперки,
- домати,
- моркови,
- јагнешко месо,
- млечни производи,
- кондиторски производи,
- вино и други пијалаци.
Особено се издвојува извозот на македонско грозје, од кое биле реализирани околу 3,3 милиони евра, како и извозот на јагнешко месо, кој достигнал 2,2 милиони евра.
Македонските производи преку „Лидл“ се пласирале во повеќе европски држави, меѓу кои Германија, Полска, Бугарија, Србија, Романија, Словачка, Чешка, Хрватска и Словенија.
Овие податоци покажуваат дека Македонија постепено станува дел од европските синџири за снабдување со храна и производи за широка потрошувачка, а домашните компании успеваат да ги исполнат строгите европски стандарди за квалитет.
Од „Лидл“ посочуваат дека соработуваат со околу 60 македонски производители и им помагаат во процесот на сертификација, логистика, пакување и прилагодување кон европските стандарди.
Економските аналитичари оценуваат дека ваквиот раст е значаен сигнал за македонската економија, бидејќи покажува дека домашните производители имаат потенцијал да бидат конкурентни на големиот европски пазар, особено во секторите земјоделство, храна и преработувачка индустрија.
Дополнително, преку специјални промотивни кампањи како „Македонска недела“, македонски производи биле промовирани во маркетите на „Лидл“ низ повеќе европски земји, со што дополнително се зголемува нивната препознатливост кај странските потрошувачи.
Ohrid1.com















