АктуелноОхрид

Приведени лица од Србија и Босна и Херцеговина поради нарушување на јавниот ред и мир во хотел во Охрид

На 17.05.2026 во 17:45 часот во СВР Охрид, лице на (40) с.Врбјани, охридско, вработен како
обезбедување во хотел во с.Пештани, при интервенција за нарушен јавен ред и мир бил
физички нападнат од едно лице, при што се здобил со тешки телесни повреди,
констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.

Претходно, во период од 01:15 до 02:00 часот, полициски службеници ги привеле Д.Ч.(21), М.С.(20), М.Б.(20) од Србија и Б.В.(21) од Босна и Херцеговина, затоа што во хотелот го нарушиле јавниот ред
и мир со физичка пресметка.

Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.