Во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Чинар“, Општина Охрид
континуирано го следи текот и квалитетот на градежните активности преку стручен
надзор ангажиран согласно законските процедури.
При извршената контрола на терен, надзорниот орган, кој како независен и стручен
субјект има обврска да ја следи изведбата согласно проектот, техничките стандарди и
договорените услови, констатираше одредени неправилности во поставувањето на
коцката на почетокот од пешачката зона, со површина од околу 45 метри квадратни.
По утврдената состојба, до изведувачот е издаден налог за корекција на изведбата и
за целосно усогласување со проектот и предвидените технички спецификации.
Прередувањето на коцката и сите градежни активности се на товар на изведувачот.
Општината нема да прифати решенија кои отстапуваат од предвидениот квалитет, а
сите забелешки од надзорот задолжително ќе треба да бидат отстранети пред
продолжување и прием на работите. Целта е реконструкцијата на плоштадот „Чинар“
да се реализира квалитетно, безбедно и во интерес на граѓаните.
фото: архива















