АктуелноОхрид

Набавена опрема за потребите на ЈП „Водовод“ Охрид

Во рамки на проектот “ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЈКП ПРЕКУ НАБАВКА НА ОПРЕМА”, преку центарот за развој на југозападен плански регион а со Одлука на градоначалникот на Општина Охрид, за потребите на ЈП ВОДОВОД Охрид набавена е и дадена на трајно користење опрема во вредност од 1.163.200,20 денари .
Набавена е следната опрема:
1. Апарат за детекција на дефекти на водоводни цевки: геофон SebaKMT HL-7000 со комплет придружна опрема.
2. Електричен ударен чекан – Makita HM1812 со количка за чување и транспорт.
3. 2 (два) Режачи за пилинг (припрема за електрофузионо заварување) на полиетиленски цевки и тоа
– Режач за профили ф 63 – 110 мм
– Режач за профили ф 110 – 500 мм