Наш ИзборНаш изборОхрид

Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, правиме сè да се овозможи простор за што повеќе работа

Тој се надева дека едната лента од автопатот Прилеп – Битола веќе првата половина в година ќе биде целосно пуштена, а автопатот Гостивар – Букојчани, појасни, мора да го пуштиме цел затоа што на другата страна нема каде да се излезе доколку не се сработи комплетно.

Вицепремиерот Николоски го истакна и значењето на овие инфраструктурни проекти за бруто-домашниот производ. – Се гордеам што во третиот квартал минатата година растот во градежништвото беше 21 процент, во четвртиот квартал 16,7 проценти. Очекуваме добри бројки и за првиот квартал оваа година и да продолжи така во следниот период – изјави Николоски.

Facebook / Hristijan Mickoski

На автопатот Гостивар-Букојчани, генерално остварен е напредок од околу 60 проценти на работите. Изградени се камп за привремено сместување и работа со капацитет за повеќе од 1200 лица, база за подготовка на бетон и префабрикување на бетонски елементи за објектите, мост на 7- миот километар од почетокот на трасата на кој може да се вози по двете коловозни ленти.
Дополнително се работи на два моста, натпатник, косини и заштита на косини по патот, и се поставуваат потпорни гамбионски ѕидови, пропусти и канали.

За делниците што ги гради „Бехтел и Енка“ од март 2023 до јуни 2024 година реализирани 241,3 милиони евра, од кои за градежни работи 19,6 милиони евра. Од јули 2024 до мај 2026 година исплатени се 278,4 милиони евра само за градежни работи.
За делниците од овој проект досега е заврешена експропријација на над 3000 парцели, од кои 560 до јуни 2024 година, а 2.483 парцели до мај годинава.