АктуелноОхрид

Големи успеси постигнати на Државен натпревар од страна на ученици од ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”

Државниот натпревар за средни електротехнички, машински и сообраќајни училишта – настан кој ги обединува знаењето, талентот и иднината на стручното образование оваа година се одржа во Кавадарци на 8 и 9 мај 2026 година. 🇲🇰✨

Со голема гордост ги споделуваме успесите на нашите ученици, кои со својата посветеност, труд и знаење освоија значајни награди и признанија:

🏆 Профил Електроника и телекомуникации
🥇 Димитар Шерементоски – прво место

🏆 Техничар за индустриска мехатроника
🥈 Ангелина Симиџиоска – второ место

🏆 Електротехничар енергетичар
👏 Христијан Белески – пофалница

🏆 Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
👏 Ксенија Димоска – пофалница

🏆 Техничар за патен сообраќај
🥉 Христина Василевска – трето место

🏆 Машински техничар
🥉 Ангела Божиноска – трето место

🏆 Техничар за производно машинство
🥈 Бојана Илиеска – второ место

🏆 Машински техничар за моторни возила
👏 Стефан Димитриески – пофалница

🏆 Техничар за компјутерско управување
👏 Сара Божиноска – пофалница

Особено сме горди и на учениците кои учествуваа со трудови од струката – КТИА, при што освоија пофалници:

📌 „АИ базирана верзија на паметна соба“
Јана Кузманоска, Марко Попоски и Александар Стојаноски

📌 „Транспортен систем за автоматско препознавање и сортирање на предмети според боја“
Андреа Савиќ, Славчо Мургоски и Кети Јоноска

Честитки до сите ученици и ментори за одличното претставување, вложениот труд и постигнатите резултати!
Вие сте гордост на училиштето и доказ дека знаењето, упорноста и тимската работа носат успех. #ОЕМУЦ #Охрид #МладиИноватори #Сообраќај #Електротехника#Машински #ГордиНаНашите