АктуелноОхрид

Лишен од слобода охриѓанец кој агресивно се однесувал во семејниот дом, ги избркал мајка си и сопругата

На 30.04.2026 во 00:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид
го лишија од слобода лице на (36) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од
неговата 65-годишна мајка, дека на 29.04.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом
агресивно се однесувал кон неа, како и кон својата сопруга, при што им упатил
закани и ги избркал од домот.

По целосно документирање на случајот, ќе следува
соодветен поднесок.