Зорица Спасовска на својот ФБ профил објави пост во кој наведува дека нуди бесплатен одмор во Охрид за сите родители кои имаат деца со посебни потреби и кои не се во можност за одат на летување.
-До сите родители кои имаат деца со посебни потреби не се во можност да одат на одмор – летовање можат да дојдат кај нас во апартмани кои се веднаш до самата плажа во с. Трпејца, Охрид. Смештајот е без пари, слободно од 5 мај до 5 јули. Тел. за контакт 071-656-861, Зорица, стои во нејзината објава .










