Охрид

Свикана деветтата седница на Советот на општина Охрид

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  • Усвојување на Записникот од 7-та седницаи Записникот од 8-та седница
    1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување, дополнување и бришење на точки од Ценовникот на услуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
    2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
    3. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за донесување Ценовник на услуги на ЈП „Водовод“ – Охрид.
    4. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена на годишниот план за вработување за 2026 година на ЈП „Водовод“ – Охрид.
    5. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.
    6. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
    7. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ Охрид.
    8. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на измената на годишниот план за вработување за 2026 година на ЈП„Охридски комуналец“ Охрид.
    9. Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот-објекти на ЈП„Охридски комуналец“ Охрид.
    10. Предлог-одлука за давање на трајно користење на опрема набавена во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“.
    11. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за започнување постапка за ликвидација на ЈП„Погребни услуги“ – Охрид.
    12. Предлог-одлука за објавување јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавните претпријатија основани од Советот на општина Охрид.
    13. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
    14. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП Водовод – Охрид.
    15. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Градски гробишта“-Охрид.
    16. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Нискоградба Охрид“-Охрид.
    17. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Охридски комуналец“-Охрид.
    18. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Градски пазар“ – Охрид.
    19. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и завршната сметка за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година.
    20. Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Охрид.
    21. Предлог-одлука за утврдување на реоните од кои се запишуваат ученици во Основните училишта во општина Охрид.
    22. Предлог-одлука за исплата на субвенции на општински јавни претпријатија.
    23. Предлог-одлука за исплата на субвенции за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, како и превозот на патници што заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца.
    24. Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.
    25. Предлог-одлука за авто – такси превоз на патници во општина Охрид.
    26. Предлог-програма за измени на Програмата за јавно осветлување за 2026 година.
    27. Предлог-програма за дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2026 година (Н1).
    28. Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2026 година.
    29. Предлог-програма за изменување и дополнување на Развојната програма за капитални инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2026 – 2028 година.
    30. Предлог-одлука за пренамена на средства во Развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование за 2026-2028 година (НА).
    31. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2026 година.
    32. Предлог-одлука за пренамена на финансиски средства во програмата за култура за 2026 година.
    33. Предлог-програма за изменување на програмата за спорт и рекреација за 2026 година.
    34. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2026 година.
    35. Предлог-заклучок за усвојување на информацијата за постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно пратнерство за поставување на фотоволтаични централи на општински обејкти на подрачје на општина Охрид.
    36. Предлог-одлука за партиципација и сопствено учество во проект „Изведба на патна инфраструктура и уредување на јавни простори“.
    37. Предлог-одлука за збратимување на Општина Охрид, Република Северна Македонија и Градот Веспрем,  Република Унгарија.
    38. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на површини во кампови за подигање на шатори и друга слична привремена употреба.
    39. Предлог-одлука за утврдување нацрт – измена и дополнување на ГУП за УЗ 4 УБ 4.4 и ДУП за УЗ 4, УБ 4.4 опфат 1, Општина Охрид,  во обединета постапка.
    40. Предлог-одлука за определување ширина на крајбрежен појас на дел од река Сушица во село Велгошти, опфатен со Општ акт за село Велгошти, општина Охрид.
    41. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 5.1.56, ГП 5.1.57, ГП 5.1.58 и ГП 5.1.59 во ДУП за УЗ 5, дел од УБ 5.1 – опфат 1 – Охрид, Општина Охрид.
    42. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни парцели  ГП 6.1 и ГП 6.2 во ДУП за дел од II УЕ, МЗ 4 Долна Влашка Маала – Охрид, општина Охрид.
    43. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 15.41, ГП 15.42 и ГП 15.43 формирани во ДУП за УЗ 18, УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ во КО Охрид 4, Општина Охрид.
    44. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.124/2 КО Косел, објект 1.
    45. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.136 КО Куратица, објект 1, објект 2, објект 3, објект 4 и објект 5.
    46. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.795/2 КО Лескоец, објект 1.
    47. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.999 КО Косел, објект 1.
    48. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1174/4 КО Долно Лакочереј-вон град, објект 1 и објект 2.
    49. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 1324/1, КП.бр.1311/5 и КП.бр.1311/6 КО Долно Лакочереј-вон град, објект 1 и објект 2, помошен објект на КП.бр.1324/1 КО Долно Лакочереј-вон град и КП.бр.6484/5 КО Охрид 4.
    50. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1663/1 КО Лескоец, објект 1.
    51. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2664/1 КО Долно Лакочереј, објект 1.