Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид свечено и достојно ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

Денес -четврток во 12 часот во Прличевата одаја ќе се одржи свеченост на која на најмладите и највозрасните читатели и најчитатели од детскиот оддел и одделот за возрасни ќе им бидат врачени благодарници.

Библиотеката ќе им се заблагодари и на околу 40 донатори на книги, а ќе бидат прочитани и светската и македонската порака во чест на празникот на книгата.

Настанот ќе биде збогатен и со промоцијата на новиот пропаганден флаер со наслов „Библиотекар – професија која ве носи во светот на фантазијата“ и нов бележник на кој се поместени линковите со кодови за пристап до Фејсбук страницата,  Инстаграм, веб страницата и посебен код кој води до правилата и придобивките од зачленувањето во Библиотеката.

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право утре од 18 часот активностите на Библиотеката продолжуваат во Охрид мол.

Таму ќе бидат доделени наградите од манифестацијата „Напиши стих – купи кафе“  Спонзор е Офис Плус

Потоа ќе се одржи промоција на романот за деца „Зима во продавницата за чудни миленичиња“ од Елена Обухова.

Планирана е и креативна работилница во чест на книгата во органзиација на Охрид мол, Библиотеката и Елена Обухова од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Во петок НУ Библиотека „Григор Прличев“ во чест на Светскиот ден на книгата ќе учествува на Саем на книгата во „Јахја Кемал“ – Струга.

Да потсетиме во 1995 година, УНЕСКО решило 23 Април како „Светски ден на книгите“, поради каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, која се случила на истиот овој датум.

НУ Библиотека