АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков им посака успех на Македонската традиционална таеквон-до федерација на европското првенство во Грција

Традиционално градоначалникот Кирил Пецаков   им посака среќа и успех на репрезентацијата на Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација, која ќе учествува на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион на Крит, Грција од 19-26 04 2026.

Боите на нашата репрезентација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски ќе ги бранат Давид Крстески, Теодора Митреска, Климент Богоески, Христијана Парулеска, Миа Танеска, Божидар Димитриевиќ и Владимир Димитриевиќ , а во склоп на репрезентацијата како судија ќе настапи Давид Велковски како официјално лице Зоран Парулески.

Се надеваме дека нашите натпреварувачи ќе дадат се од себе и ќе ја претстават Македонија во најубаво светло. Голема благодарност до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и Општината Охрид