АктуелноОхрид

Лишено од слобода лице од Охрид кој заедно со својот татко физички нападнале лице од с. Слатино

На 17.04.2026 во 11:45 часот во Охрид, полициски служнбеници од СВР Охрид го
лишија од слобода лице на (24) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:00
часот на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Абас Емин“ со неговиот татко физички го
нападнале лице на (31) од с.Слатино, општина Дебрца, при што со удари го оштетиле и
неговото возило „шкода октавија“ со охридски регистарски ознаки.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.