АктуелноОхрид

Николоски: По 20 години повторно се полагаат стручни испити за капетани и бродски персонал

По пауза од две децении, повторно е овозможено полагање на стручни испити за капетани и бродски персонал во земјава, со цел унапредување на безбедноста во пловниот сообраќај.

На првиот испит беа доделени сертификати за различни звања, меѓу кои и за Заповедник на брод за управување со меѓународен пловен пат, што претставува највисоко звање. Дополнително, сертификати добија осум заповедници за управување со државен пловен пат, еден водач на палуба и шест морнари.

Особено значајно е што за првпат во Македонија е сертифициран и женски заповедник на брод, што претставува важен чекор кон поголема инклузивност во оваа професија.

Надлежните најавуваат дека и во иднина ќе се спроведуваат вакви мерки, со цел подобро регулирање на пловниот сообраќај и зголемување на безбедноста на водните патишта.