АктуелноОхрид

ЕКО-ЕДУКАЦИИ од страна на волонтеите на Црвен крст Охрид

Волонтерите Ангел Крстески и Теона Талевска од Црвен крст Охрид реализираа циклус на еко-едукации со учениците од прво, второ и трето одделение во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец (26.03) и подрачните училишта во Косел (03.03.) и Куратица (04.03.2026)
🗣️ Преку интерактивни разговори и едукативни игри, учениците се запознаа со последиците од загадувањето и стекнаа навики што придонесуваат за заштита на животната средина.
🙋‍♀️ ♻️ Учениците активно се вклучија во активностите и покажаа голем интерес за темата. Со практични вежби, децата научија како правилно да селектираат отпад и колку време е потребно за негово разложување.
🎥 Едукацијата беше заокружена со кратко видео кое ја истакна важноста од примената на наученото во секојдневниот живот.
🌍 Заедно создаваме генерации што се грижат за природата и за заедницата