Сообраќајна несреќа се случила денеска на булеварот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, при што превртено е возило од типот џип.
Според неофицијални информации, во инцидентот нема настрадани лица. На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а се очекува полицијата во текот на денот да излезе со повеќе детали за причините и околностите под кои се случила несреќата.












