АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец кој агресивно се однесувал во својот дом и психички ја малтретирал мајка си

На 29.03.2026 во 18:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија
од слобода  лице на (66) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом
агресивно се однесувал, физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.

Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал мајка
си.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде
поднесена соодветна пријава.