На 20 и 21 март 2026 година во Лисабон, Португалија се одржа меѓународниот конгрес ESC Acute CardioVascular Care, значаен научен настан посветен на размена на знаења, искуства и најнови достигнувања во областа на кардиологијата, со посебен акцент на интензивното и интервентното кардиолошко лекување.
На конгресот активно учество зеде и македонскиот кардиолог д-р Благоја Стефановски, кој со свое предавање ја претстави институцијата од која доаѓа, како и македонското здравство.
Неговото учество на овој престижен меѓународен настан претставува значајно признание и потврда за стручноста и професионалноста на домашните медицински кадри.
Од установата посочуваат дека ваквите настапи се доказ за посветеноста, успешноста и креативноста на македонските лекари, кои со својата работа придонесуваат за унапредување на медицинската наука и практиката.












