Се известуваат граѓаните дека е забрането пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје. Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор, констатирана е микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.
Посочените артерски чешми се наоѓаат на следниве локации: На пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во близина на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар.












